28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПендаровски: Давам јавно предлог до владата да го пролонгираат законот за патни...

Пендаровски: Давам јавно предлог до владата да го пролонгираат законот за патни исправи до септември, мораме да ги заштитиме граѓаните – нема смисла хаосот со вадење нови документи да продолжи

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, говорејќи за процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, предложи пролонгирање на рокот за нивно вадење.

„Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – закон за лична карта и закон за патни исправи, и ако е потребно и законот за безбедност во патниот сообраќај, тоа се прави во едно попладне, знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“, рече претседателот Пендаровски. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП