3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен првиот проѕирен „MicroLED“ екран - лебдечки холограм (ВИДЕО)

Претставен првиот проѕирен „MicroLED“ екран – лебдечки холограм (ВИДЕО)

За време на „CES 2024“, „Samsung“ го претстави првиот транспарентен „MicroLED“ дисплеј во светот.

Јужнокорејската компанија покажа три различни проѕирни „MicroLED“ екрани, со малку поинаков дизајн.

Две од демонстрациите имаат затемнети стакла, што го олеснува превидувањето на предметите што го одвлекуваат вниманието зад панелот, додека третиот панел е проѕирен како обично стакло и има дизајн без рамка.

Кога се гледа во живо, според посетителите на штандот на „Samsung“, содржината на овие дисплеи изгледа речиси како холограм кој лебди во воздухот.

Сите примери кои беа демонстрирани имаат екран дебел само околу еден сантиметар, што дополнително дава илузија на лебдечки екран, додека сликата на нив изгледа исклучително остра и јасна.

Според „Samsung“, бидејќи проѕирните „MicroLED“ екрани имаат посилна светлина во споредба со проѕирните „OLED“ панели, тие се помалку погодени од амбиенталната светлина.

Се очекува дека кога технологијата ќе ќе биде пуштена во продажба, проѕирните „MicroLED“ дисплеи ќе бидат многу скапи. Високите „MicroLED“ телевизори на „Samsung“, кои немаат проѕирни екрани, моментално чинат околу 150.000 долари и ќе помине уште некое време додека новите дисплеи да станат достапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП