3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаководител за анализа во Голдман Сакс: Се движиме кон суперциклус

Раководител за анализа во Голдман Сакс: Се движиме кон суперциклус

Питер Опенхајмер, раководител на макро истражување за европскиот пазар во банката Голдман Сакс, изјави дека глобалната економија се движи кон нов суперциклус, а како причини за тоа ги истакна вештачката интелигенција и декарбонизацијата.

Суперциклуси обично се дефинираат како долги периоди на економска експанзија кои често се придружени со раст на БДП, силна побарувачка што доведува до пораст на цените и високи стапки на вработеност.

Зборувајќи за неговата нова книга „Any Happy Returns“, Опенхајмер истакна дека последниот суперциклус започнал во 1980-тите. Тој не очекува дека ќе има нагло намалување на каматите во следните десет години, но смета дека во тек е враќање на глобализацијата.

И покрај глобалните предизвици за економијата, тој посочи дека има фактори кои ќе придонесат за економска експанзија, а тоа се вештачката интелигенција и декарбонизацијата.

Тој потсети дека вештачката интелигенција се уште е во рана фаза, но дека се повеќе се користи како основа за нови производи и услуги. Тој изјави дека продуктивноста ќе се зголеми благодарение на вештачката интелигенција, пренесува CNBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП