6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАBlackBerry не се откажува!

BlackBerry не се откажува!

blek

„BlackBerry“ започна маркетинг кампања по пат на отворено писмо во кое на своите верни клиенти им нагласува дека можат и натаму да сметаат на нив.

Во отвореното писмо, кое е објавено на друштвените мрежи и во 30 медиуми во девет земји, „BlackBerry“ се обидува да ги увери своите корисници дека компанијата се уште има технологија која може да привлече корисници и дека ќе продолжат да постојат и понатаму.

„Ова со сигурност се времиња за предизвик на компанијата, но можете и натаму да сметате на нас“, се истакнува во писмото.

Писмото доаѓа во време кога постои голема неизвесност поврзана со иднината на компанијата. Имено, компанијата неодамна се согласи да стане приватна преку бизнис вреден 4.7 милијарди долари, кој е предводен од „Fairfax Financial Holdings“. Но во исто време и основачот на компанијата Мајк Лазаридис објави дека го зголемил својот удел во компанијата и дека сериозно размислува за нејзиното превземање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП