28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДополнителна опција поскапа од 100.000 евра

Дополнителна опција поскапа од 100.000 евра

paganaa

Кога некој автомобил, како што е „Pagani Huayra“, има основна цена од милион евра, не е ни чудно што некои од опционите додатоци чинат колку новата „Mercedes S сlasѕ“.

Додека за купувачите кои се подготвени да ги одвојат почетните 1.050.000 евра, колку што чини основниот модел, веројатно не е проблем да платат и за екстремно скапите додатоци.

На пример, клештата за сопирање да биде обоена во боја по желба на купувачот, потребно е да се доплатат 3.750 евра. Нешто повеќе треба да се одвои за задната камера која чини 4.900 евра.

Познато е дека супер-спортските автомобили немаат голем багажник. За да им излезат во пресрет на клиентите, производителите во својот асортиман нудат и специјално обликувани куфери со кои се постигнува максимална искористеност на багажниот простор. Сет од седум такви куфери за моделот „Huayra“ купувачите ќе ги чинат неверојатни 14.950 евра.

За опционите бои на надворешноста, „Pagani“ наплатува од 21.500 дo 59.500 евра, колку што чини автомобилот да се обои во две специјални нијанси и да се додадат украсни елементи од јаглеродни влакна.

Кога сме кај јаглеродните влакна, „Pagani“ нуди опција целата каросерија на автомобилот да биде изработена од овој материјал, со што цената на моделот би се зголемила за 112.500 евра.

Сепак, и оние кои се определиле да ја платат „само“ цената на основниот модел, како и оние кои ќе посакаат дополнителни опции, ќе добијат автомобил кој под хаубата има 6.0 литарски AMG V12 „twin-turbo“ агрегат. Моторот е во состојба да развие 730 ks и 1.000 Nm максимален вртежен момент и да му овозможи на возачот со „Huayrа“ до „стотка“ да стигне за 3.3 секунди, како и максималната брзина од 370 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП