Според директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски, во првите неколку дена од годинава, најголемите индустриски капацитети што ги контролира Инспекторатот не работат или се со преполовен капацитет, но очигледно е дека воздухот и понатаму е многу загаден, а во Скопје и во Струмица вредностите на ПМ-10 честичките го надминаа прагот за алармирање.
Тој порача од фиока да се извади и да се усвои Правилникот за цврсти горива бидејќи како што рече со него ќе треба да се регулира какви дрва и пелети горат домаќинствата и фирмите.

