3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Xerox“ ќе намали 15% од својата работна сила

„Xerox“ ќе намали 15% од својата работна сила

„Xerox“ објави дека ќе намали 15% од својата работна сила како дел од планот за спроведување на нова организациска структура и оперативен модел, пишува „CNBC“.

„Xerox“, кој нуди технологии за дигитално печатење и управување со документи, имаше околу 20.500 вработени заклучно со 31-ви декември 2022-ра година, според поднесоците до Комисијата за хартии од вредност на САД. Врз основа на овие бројки, сегашните отпуштања ќе погодат околу 3.075 вработени.

Цената на акциите на „Xerox“ заврши во средата со пад од повеќе од 12% по објавувањето на веста.

Планот за реструктуирање на компанијата вклучува поедноставување на нејзините производи во рамките на основната дејност, зголемување на ефикасноста на глобалните деловни услуги и зајакнување на фокусот на ИТ и другите дигитални услуги. Од „Xerox“ велат дека исто така направиле промени во својот лидерски тим за да помогне во извршувањето на новиот модел.

Според зборовите на извршниот директор Стивен Бандровчак, новиот модел е „продолжение на нашите балансирани приоритети насочени кон клиентите“, чија цел е „да ги забрза производите и услугите, одење на пазарот и оперативната ефикасност на функциите на претпријатието низ сите географски области што ги опслужуваме“.

„Xerox“ ќе ги направи намалувањата овој квартал. Претставник на компанијата не коментираше надвор од она што „Xerox“ го сподели во соопштението за печатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП