30 април, 2024
ПочетнаСВЕТВизна либерализација и потенцијален „егзодус“: Дали половина милион луѓе ќе го напуштат...

Визна либерализација и потенцијален „егзодус“: Дали половина милион луѓе ќе го напуштат Косово во 2024 година?

Од 1 јануари 2024 година, граѓаните со косовски пасоши можат да патуваат без визи во 27 земји од Шенген зоната. Косовската претседателка Вјоса Османи, честитајќи им на граѓаните, рече дека оваа година започнува со „слободата на движење која предолго и неправедно се ускратува“.

Оваа слобода на движење, сепак, со себе носи и одредени опасности, како што е уште поголем одлив на работна сила од Косово, па некои аналитичари тврдат дека и половина милион жители би можеле да го напуштат тој крај.

Повеќе од 100.000 работници го напуштиле Косово во последните две години. Во потрага по подобри услови за живот, претежно оние кои работеа во приватниот сектор, како и голем број лекари заминаа во земјите од Европската унија.

Како причини за заминување се наведени ниските плати, немањето договори за работа и здравствена заштита, неплатената прекувремена работа и ноќната работа. Проблемот, сепак, не е ограничен само на работниците, туку и на младите кои лесно би можеле да се решат својата иднина да ја градат на друго место.

И додека советникот на претседателот на косовската влада Кљисман Кадиу не очекува масовен егзодус од Косово по либерализацијата на визите и вели дека е нормална стапка на патување во првите шест месеци, претходните примери покажаа дека стравовите се оправдани. Според податоците на албанската агенција ИНСТАТ, по визната либерализација, Албанија во изминатата деценија ја напуштиле 200.000 работници од различни занимања, а во истиот период дури 230.000 работници ја напуштија Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП