6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЗагадениот воздух одзема над 30.000 животи во Западен Балкан

Загадениот воздух одзема над 30.000 животи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, предупредува Европскиот фонд за Балканот.

Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан.

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа

Утринските мерења покажуваа дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа, а 18-ти во светот, објави страницата „Ајкјуер“.

Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост, а ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното.

Министерката Каја Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување.

Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант-мерки што ќе го расчистат воздухот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП