2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги зголеми туристичките такси

Грција ги зголеми туристичките такси

Од 1 јануари грчката влада воведе нова еколошка такса и таа сега се плаќа наместо данокот за престој, кој беше актуелен од 2018 година.

Еколошката такса ќе се наплаќа на лице место во текот на целата година и ќе зависи од категоризацијата на сместувачкиот објект.

Во периодот од март до октомври за студиа и апартмани ќе се наплаќа по 1,5 евра по лице за едно ноќевање. Хотелите до две ѕвезди ќе чинат 1,5 евра по лице за ноќевање, хотелите со три ѕвездички 3 евра по лице за ноќевање, хотелите со четири ѕвездички 7 евра по лице за ноќевање, додека хотелите со пет ѕвезди ќе чинат 10 евра по лице за ноќевање.

Да потсетиме, грчката влада претходно изјави дека ги зголемува туристичките такси за да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП