10 мај, 2024
ПочетнаСВЕТШефот на Хезболах им порача на Евреите да бегаат: Немате иднина овде!

Шефот на Хезболах им порача на Евреите да бегаат: Немате иднина овде!

Шефот на Хезболах Хасан Насрала во средата повтори дека убиството на високиот функционер на Хамас Ал-Арури нема да помине неказнето, предупредувајќи го Израел да не го напаѓа Либан.

Насрала се закани со борба „без граници“ доколку избие војна со Израел.

„Ако непријателот размислува да води војна против Либан, тогаш нашата борба ќе биде без плафон, без граници, без правила. И тие знаат што мислам“, рече првиот човек на Хезболах.

Тој додаде дека не се плашат од војна и нема да се двоумат да се спротивстават на Израел.

Шефот на Хезболах рече дека во Газа се покажува „најгрдата“ страна на Соединетите Американски Држави.

„Оној што убива во Газа е американската администрација, тоа е американска одлука и американска политика и американски ракети и американски бомби“, рече Хасан Насрала.

Тој потсети дека САД го спречуваат крајот на војната и изолацијата на Израел во светот.

Насрала: Израелците немаат иднина овде

Водачот на Хезболах, Хасан Насрала во средата им порача на Израелците да се вратат во САД, Велика Британија… „од каде и да доаѓаат“.

„Од реката до морето, Палестина е за палестинскиот народ. Немате иднина овде. Ако сакате да бидете безбедни и да имате американски пасош, вратете се во САД…“, рече Насрала.

„Израел не објавува податоци за илјадници жртви на либанскиот фронт“

Насрала го обвини Израел дека ги минимизира своите воени жртви, и во Газа и во Либан.

„На нашиот либански фронт не го соопштуваат бројот на загинати и повредени, а тие се илјадници“, изјави тој и додаде дека во петок ќе одржи уште еден говор во кој „детално ќе зборува за битките на Хезболах против Израел“.

Насрала оцени дека Израел целосно паднал „хумано, морално, легално“, додавајќи дека во целиот свет таа земја се гледа како земја која убива и изгладува деца и цивили.

Тој истакна дека неодамнешните анкети на јавното мислење во САД покажуваат дека младите ги поддржуваат Палестинците.

„Ова ќе има големо влијание врз конфликтот и калкулациите во нашиот регион“, заклучи Насрала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП