2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛани „Alibaba“ откупи акции од 9,5 милијарди долари

Лани „Alibaba“ откупи акции од 9,5 милијарди долари

Кинеската групација „Alibaba“ објави дека откупила 897,9 милиони акции во вкупна вредност од 9,5 милијарди долари во 2023-та година, пренесува „Reuters“.

Акциите се купени и на американските и на берзите во Хонг Конг, се вели во поднесокот на компанијата.

Гигантот за е-трговија рече дека преостанатиот износ од програмата за откуп овластена од одборот, која трае до март 2025-та година, е 11,7 милијарди долари.

„Нашата програма за откуп на акции резултираше со нето намалување од 3,3% на нашите акции во последните 12 месеци по сметководството за акциите издадени според нашиот план за сопственост на акции на вработени (ESOP)“, соопшти компанијата.

„Alibaba“ имаше 20 милијарди акции на 31-ви декември, што е повеќе од 29,7 милијарди на крајот на 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП