1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВредноста на платформата X падна за 71 отсто откако таа социјална мрежа...

Вредноста на платформата X падна за 71 отсто откако таа социјална мрежа ја презема Маск

Пред да го преземе Твитер, Илон Маск постојано ја критикуваше социјалната мрежа, најмногу поради цензурата и начинот на кој ги модерираат содржините. За да ја промени таа ситуација, во април 2022 година реши да го купи Твитер и да го направи поотворена мрежа каде што нема да има цензура и секој ќе може да каже што сака, но барем теоретски останаа забраните за говор на омраза и повикување на насилство и слично.

Дополнително, по аквизицијата, Маск отпушти голем број вработени, вклучително и оние од одделот за модерација на содржината, и влезе во конфликт со огласувачите кои, некои за кратко, а некои долго време, повлекоа реклами од мрежата затоа што не им се допадна насоката во која се движи Твитер(т.е. платформата Х, како што подоцна беше сменето името) и не сакаа нивните реклами да се прикажуваат со негативна содржина.

За да се обиде да го спаси денот и да ја врати довербата на огласувачите, Маск донесе и нов извршен директор, Линда Јакарино, да ја води неговата платформа X. Иако Маск и Јакарино најавуваат позитивни промени, враќање на огласувачите и зголемени приходи, неодамнешниот јавен настап на Маск во кој тој им кажа на огласувачите да се “е**т”, сигурно не помогна во помирувањето со огласувачите и враќањето на старите начини.

Каква е ситуацијата на X платформата денес, односно која е нејзината вредност во однос на времето кога Маск ја презеде, покажуваат податоците на Fidelity, инвестициската компанија која му помогна да го преземе Твитер. Најновите бројки на Fidelity, кои се базираат на бизнис до крајот на ноември минатата година, покажуваат дека вредноста на компанијата паднала за цели 71 отсто од април 2022 година до денес. Иако на сите им беше јасно дека вредноста на компанијата е значително помала од претходно и за тоа се зборуваше пред неколку месеци, новите бројки покажуваат дека Маск е во големи проблеми.

Во едно неодамнешно интервју Маск дури изјави дека компанијата би можела да пропадне поради огласувачите или нивниот бојкот, но сепак има големи планови за својата платформа X. Како што многупати има кажано, сака таа да стане апликација за сите, со што корисниците можат не само да комуницираат, туку и да плаќаат и да прават многу други работи. Како и да е, за почеток, на платформата X ќе им треба стабилност и што е можно помалку контроверзии за да можат да се фокусираат на таа многу поголема цел и да станат апликација која на глобалниот пазар ќе стане она што е WeChat денес во Кина.

Само во ноември, по пораката на Маск до огласувачите, Fidelity ја намали вредноста на компанијата за повеќе од десет проценти. Платформата Х сè уште не одговорила на оваа информација за новиот пад на вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП