4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Danone“ продава дел од својот американски бизнис

„Danone“ продава дел од својот американски бизнис

Француската прехранбена групација „Danone“ соопшти дека потпишала договор за продажба на својот американски премиум оддел за органски млечни производи на инвестициската компанија „Platinum Equity“, пренесува „Reutres“.

Продажбата на бизнисите „Horizon Organic“ и „Wallaby“ е дел од програмата за преглед на портфолиото и ротација на средства на компанијата објавена во март 2022-ра година, се вели во соопштението на „Danone“, без да се обелоденат финансиски детали од договорот.

„Оваа продажба, кога ќе биде завршена, ќе ни овозможи дополнително да се концентрираме на нашето сегашно портфолио на силни брендови фокусирани на здравјето и да реинвестираме во нашите приоритети за раст“, ​​рече извршниот директор на „Danone“, Антоан де Сен-Африк.

„Danone“ ќе го задржи малцинскиот удел во бизнисот, додаде компанијата.

„Danone“ одби да коментира за вредноста на договорот, но додаде дека продажбата ќе има влијание врз нејзините финансиски перформанси за 2024-та година.

„Platinum Equity“ не одговори веднаш на барањето на „Reutres“ за коментар за вредноста на договорот.

Компанијата со седиште во Париз минатиот јануари соопшти дека истражува стратешки опции, вклучително и потенцијална продажба, за нејзиниот бизнис со органски млечни производи во САД.

Бизнисот со органски млечни производи на „Danone“ во САД се состои од брендовите „Horizon Organic“ и „Wallaby“ со портфолио на органски млечни производи вклучувајќи млеко, павлака, јогурт, сирење и путер.

Сочинува околу 3% од глобалниот приход на „Danone“ и има негативно влијание врз споредливиот раст на продажбата и повторливата оперативна маржа на „Danone“ во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП