2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСпектакуларен дочек на Плоштад Македонија – посетителите среќни и расположени ја дочекаа...

Спектакуларен дочек на Плоштад Македонија – посетителите среќни и расположени ја дочекаа Новата година(ФОТО)

Вчеравечер Скопје ја доживеа најубавата новогодишна приказна. Во текот на целиот ден на Плоштад Македонија владееше новогодишна еуфорија и со многу музика, танцување, аплаузи и насмевки, посетителите ја испратија 2023-та година и ја дочекаа 2024.

Забавата започна со неверојатна енергија со настапот на Тин Камп, потоа публиката уживаше во музиката на Лејдис Оркестра, а членовите од бендот Пауза за ракија ја вжештија атмосферата. Публиката пееше во еден глас со Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, а Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски направија вистински, новогодишен спектакл.

Лила Филиповска и Димитар Атанасовски одбројуваа заедно со публиката и први им ја честитаа Новата година. Во 00:00 градот убав ја дочека 2024-та година со насмеани и среќни посетители.

Забавата продолжува и понатаму и во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат Два Бона, Лозано, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Анета Љумаковска, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Комора на музичка индустрија во соработка со Град Скопје, со спонзорство на Дајмонд Мол, Телеком, А1, Тинекс и Пелистерка подготвија празнична бајка во центарот на Скопје.

Градот убав Ве кани сите да бидете дел од овој магичен празничен базар, заедно да одбројуваме до Новата година и да создаваме спомени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП