27 април, 2024
ПочетнаСВЕТВо 2024 година на Земјата ќе живеат повеќе од осум милијарди луѓе

Во 2024 година на Земјата ќе живеат повеќе од осум милијарди луѓе

Светската популација се зголеми за 75 милиони луѓе во текот на изминатата година, а на почетокот на 2024 година на планетата ќе живеат повеќе од осум милијарди луѓе, покажуваат денеска објавените податоци од Бирото за попис на САД.

Стапката на раст на светската популација во изминатата година беше нешто под еден процент, соопшти бирото.

Нагласено е дека на почетокот на 2024 година во светот ќе се родат повеќе од четири деца во секунда, а ќе умираат по две.

Стапката на раст во САД во изминатата година беше 0,53 отсто, што е околу половина од просечниот раст на светската популација.

Населението во САД е зголемено во текот на 2023 година за 1,7 милиони луѓе, тоа е 335,8 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП