2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБил Гејтс советува кога да им дозволите на вашите деца телефон

Бил Гејтс советува кога да им дозволите на вашите деца телефон

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, откри на која возраст им дозволил на своите деца да имаат мобилни телефони.

Експертите и родителите тврдат дека децата поминуваат премногу време пред екраните, бидејќи штом ќе му дозволите на детето да има телефон, во основа нема враќање назад.

Бил Гејтс, чии деца сега имаат 27, 24 и 21 година, неодамна за Мирор изјави дека на своите деца не им давал мобилни телефони додека не наполниле 14 години.

Иако на некои родители ова им изгледа тешко, извештајот на платформата „Kids & Tech“ открива дека просечната возраст кога децата ги добиваат своите први телефони е 10,3 години.

Кога неговите деца добиле телефони, продолжи Гејтс, тој беше прилично традиционален за ограничувањата и забраните, бидејќи не им било дозволено да ги користат телефоните на маса, само за домашна работа или учење.

Интересно е тоа што тој дури им забранил на своите деца да користат производи на Apple во домаќинството поради неговото ривалство со Стив Џобс. Исто така, ко-основачот на Мајкрософт наметнал ограничување на времето на екранот кога неговата ќерка почнала да покажува знаци на зависност од видео игри уште во 2007 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП