7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСЕ ОГЛАСИ РУСИЈА ПО УКРАИНСКОТО ГРАНАТИРАЊЕ! Ова е следниот чекор што ќе...

СЕ ОГЛАСИ РУСИЈА ПО УКРАИНСКОТО ГРАНАТИРАЊЕ! Ова е следниот чекор што ќе го преземат

Во напад на украинските воени сили врз центарот на Белгород во Русија, животот го загубија дури 14 лица, меѓу кои и две деца!

Руските власти објавија дека во неселективните украински напади загинале 14 лица, меѓу кои и две деца, а Украинците користеле касетни бомби за време на нападот на Белгород.

„За време на нападот на Белгород, Киев користеше проектили со касетни бомби“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, нарекувајќи го нападот „злосторство“. Според Конвенцијата на ОН од 2008 година, касетното оружје е забрането во повеќе од 110 земји поради екстремната опасност што претставува за цивилите.

Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН. „Киевскиот режим користеше неколку повеќецевни ракетни фрлачи. Еден од нив беше украинскиот систем Олга, кој истовремено може да истрела 12 наведувани проектили. Ракетите Олга беа опремени со боеви глави со касетни бомби“, соопшти Министерството, а пренесува РТ.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за државната новинска агенција РИА дека Русија побарала состанок на Советот за безбедност на ОН за да разговара за инцидентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП