3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Huawei“ очекува приход од 99 милијарди долари за целата година

„Huawei“ очекува приход од 99 милијарди долари за целата година

Кинеската технолошка компанија „Huawei“ очекува да пријави приход над 700 милијарди јуани (99,24 милијарди долари) во 2023-та година, се вели во новогодишната порака до вработените во кинеската корпорација испратена од нејзиниот ротирачки шеф Кун Ху и видена од „Reuters“.

Приходите на „Huawei“ исто така се очекува да се зголемат за околу 9 отсто оваа година од 2022-ра година, кога достигнаа 642,3 милијарди јуани (91,06 милијарди долари).

Прогнозата за заработката на „Huawei“ оваа година е уште еден знак дека кинеската компанија се опоравува од санкциите што САД почнаа да и ги воведуваат во 2019-та година, наведува „Reuters“. Санкциите негативно се одразија на некои од активностите на корпорацијата, бидејќи ѝ беше блокиран пристапот до технологии и делови неопходни за нејзините активности за истражување, развој и производство.

Во пораката испратена од Кун Ху до претставниците на компанијата се вели дека бизнисот со паметни телефони и други електронски уреди на „Huawei“ се развива подобро од очекуваното во 2023-та година.

Во август кинеската компанија лансираше нова серија паметни телефони – „Mate60“. Се верува дека тие се вградени со чипови кои биле развиени и произведени во Кина.

Во октомври, испораките на паметни телефони произведени од „Huawei“ се зголемија за 83 проценти на годишно ниво (во споредба со октомври 2022-ра година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП