7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТ31 лице загина во еден од најголемите руски ракетни напади врз Украина

31 лице загина во еден од најголемите руски ракетни напади врз Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации по рускиот напад утринава во кој загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 160 беа повредени.

„Украина, заедно со околу 30 земји-членки на ОН, побара од еквадорското претседателство да свика итна седница на Советот за безбедност за да се справи со рускиот напад врз Украина, кој резултираше со повеќе цивилни жртви и сериозно уништување на цивилната инфраструктура“, напиша Кулеба на социјалната мрежа Х.

Русија во петокот го изврши еден од најголемите ракетни напади врз Украина, при што загинаа најмалку 31 лице, а беа повредени околу 120, откако погоди станбени згради во Киев, на југот и западот од земјата, и породилна болница на исток, соопштија украинските власти.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека големиот напад на крајот на годината покажал дека не треба да има „разговор за примирје“ со Кремљ во време на прилично неизвесно продолжување на помошта од Западот за Киев, пренесе Хина, цитирана од Ројтерс.

„Денес милиони Украинци се разбудија од гласните звуци на експлозии. Би сакал тие звуци на експлозии во Украина да се слушнат низ целиот свет“, рече Кулеба, повикувајќи ги сојузниците да продолжат со воената помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП