2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанскиот гигант Интер има нов сопственик

Италијанскиот гигант Интер има нов сопственик

INDONESIa inter

Италијанскиот гигант Интер официјално има нов сопственик. Досегашниот сопственик и претседател на клубот Масимо Морати, објави дека постигнал договор со индонезискиот бизнесемен Ерик Тохир.

Според неофицијални информации Тохир веќе поседува 70 проценти од акциите на „нероазурите“.

„Се е потпишано, па за неколку часа ќе има официјално соопштение“, изјави за клупската интернет страна на „црно- сините“, Морати, кој стана сопственик на клубот во 1995-та година.

„Дали сум задоволен ? Да . Ни требаше некое време да стигнеме до тука, но на крајот успеавме и се изгледа во ред“, рече Морати , додавајќи дека го сака клубот, но во исто време чувствува олеснување што го остава Интер во „добри раце“.

Морати изјави уште дека се уште не знае дали тој или некој друг ќе ја има улогата на претседател на клубот. Запрашан дали одлуката кој ќе биде претседател на Интер ќе зависи од него, тој одговори:

„Да, верувам дека ќе биде така . Ќе видиме“.

43-годишниот Ерик Тохир веќе има искуство во управувањето на спортски клубови. Тој е дел од конзорциумот кој го поседува тимот од НБА Филаделфија „Севентисиксерс“ и е мнозински сопственик на тимот од МЛС, „Ди Си Јунајтед“.

Во моментов Интер е четврти на табелата во италијанската Серија „А“ по одиграни 7 кола, и е на 7 поени од лидерот Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП