1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ размислува за одложување на новите електрични возила

„Audi“ размислува за одложување на новите електрични возила

Шефот на „Audi“, Герно Долнер, рече дека марката размислува да го одложи воведувањето на нови електрични возила, поради страв дека „да не го „преоптовари тимот и продавачите“.

Тој изјави за „Automotive News Europe“ дека „прво мора да види со што може да се постапи логистички, пред да донесе одлука за проширување на понудата“.

Првично, „Audi“ најави дека до 2026-та година ќе објави 20 нови модели, од кои 10 ќе бидат целосно електрични.

Серијата требаше да започне со „Q6 e-tron“, но и тоа неколку пати се одложуваше поради проблеми со софтверот на „VW“. Сега се очекува да пристигне во вториот квартал на 2024-та година.

„Audi“ наводно планира да претстави уште еден целосно електричен модел следната година, заедно со два модели на мотори „SUS“, а подоцна уште еден „SUS“ во 2025-та година, бидејќи Долнер се обидува да ја зголеми профитабилноста на германската марка.

„Audi“ како и останатите премиум германски марки се соочуваат со промени во регулативата во однос на постепено укинување на „SUS“ моторите, а од друга страна на пазарот пристигнуваат нови кинески електрични возила со атрактивна технологија и цени.

„Во моментов играме значајна улога, особено во сегментот на мотори со внатрешно согорување. Наша задача е да го направиме брендот „Audi“ релевантен играч и во сегментот на електрични возила“, рече Долнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП