4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje апаратите за домаќинство се добитници на престижната германска награда за дизајн

Gorenje апаратите за домаќинство се добитници на престижната германска награда за дизајн

Дизајнот никогаш не бил само естетски изглед за Gorenje

Најновото истражување покажува дека во согласност со желбите на корисниците, кои се сѐ повеќе се ориентирани кон одржливост, се менуваат и нашите потреби, како и дизајнот на собите во домот. Како одговор на промените, Gorenje, важен дел од Hisense групацијата и истакнат европски производител на апарати за домаќинство, ги создаде Gorenje апаратите за домаќинство од серијата G800, кои беа прогласени за убедлив победник на престижната германска награда за дизајн за 2023 година.

Кујната повеќе не е само просторија за подготовка на храна, таа е просторија за собирање на саканите и создавање спомени. Кујната е срцето на нашето секојдневие. Затоа, дизајнот станува многу повеќе од естетски изглед. Модерниот дизајн ги задоволува сегашните барања, нагласувајќи го социјалното влијание преку разновидни, одржливи и еколошки пристапи.

Едноставноста не е едноставна

„Наградуваните Gorenje апарати за домаќинство од серијата G800 претставуваат софистицирана алтернатива на моменталниот статус на комплицираните и предизајнирани уреди“, објаснува индустрискиот дизајнер Матевж Попич, шеф за дизајн на производи во Gorenje, кој инспирацијата ја наоѓа набљудувајќи го светот околу него. „Платформата G800 е внимателно планирано поедноставување на содржината, материјалите и енергијата, нагласувајќи ги најважните функции. Беспрекорната интеграција на апаратот во различни средини ги прави овие производи минималистички и неутрални, со софистициран, безвременски дизајн кој обезбедува трајна употребливост“. Олицетворение на неговите зборови е токму Gorenje вградниот апарат за кафе кој може да се интегрира во иста линија со кујнскиот елемент и кој – како што ја оправда престижната комисија за доделување на германската награда за дизајн, има „исклучително висококвалитетен дизајн благодарение на темните челични елементи“. Оваа комбинација на најсовремена висока технологија, софистицирана функционалност и интуитивно работење е повеќе од ветување за посебно корисничко искуство.

Одржлива иднина – Мотивација за иновативен дизајн на апарати за домаќинство

Кујната обединува луѓе со различни афинитети. Затоа е важно кујнските додатоци да нудат различни можности за користење и да не заземаат многу простор. Како добар пример, Gorenje вградните рерни од серијата G800 содржат модерна микробранова технологија, која дополнително ги проширува опциите за печење. Тие исто така нудат дополнителни функции и, со нивната чиста, темна предна страна, висококвалитетна естетика одговара на многу ентериери. Повикувајќи се на сето ова, дизајнерот Попич тврди: „Производите, особено во режим на подготвеност, се дискретно интегрирани во кујната. Интегрираната и модуларна конструкција ја намалува употребата на материјали, додека прецизниот избор на материјали овозможува висок процент на рециклирање. Поврзувањето не е додаток, туку e целосно интегрирано, што ја намалува интеракцијата на производот на суштинските функционалности кои се важни и овозможува пренос на одредени функции и напредна содржина на други, попогодни платформи. Ова ја поедноставува сложеноста и ја зголемува достапноста на производот. Апаратите се обединети, координирани, поврзани и помагаат да се постигне најдоброто кулинарско искуство и резултати“.

Не заборавајте: Здравјето е важно!

Кога станува збор за дизајнот, Gorenje е чекор понапред, што престижниот комитет секако го забележа. Она што ги импресионираше е тоа што Gorenje вградните рерни со парен генератор од серијата G800 имаат модерна функција за готвење на пареа и затоа поддржуваат здрава исхрана. Вградните рерни нудат и други атрактивни опции за готвење, како што е фритеза со сопствен сад и sous-vide функција. Ракувањето е практично и интуитивно преку контролната табла интегрирана во елегантната темна предна страна.

Сето ова докажува дека дизајнерите на Gorenje се вешти набљудувачи на пазарот кои на прво место ги ставаат своите корисници и нивното задоволство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП