Винарија Камник со лансирањето на новите брендови овошни ракии ја проширува дејноста во дестилерија и го зголемува портфолиото. Damson од слива, Jonathan од јаболко, Williams од круша и Bloom од дуња се новите вкусови овошни ракии, бренди од Дестилерија Камник. При создавањето на новите вкусови на бренди се следат традиционалните вештини применети низ иновативна технологија, нешто што првпат се среќава во нашата држава, соодветно со насоките на служење на идеална температура од 6-8 степени Целзиусови и во специјализирана чаша, за да се откријат сите потенцијали на овој пијалак.
„Создавањето на новите вкусови е резултат на потрагата по совршен пијалак со кој ќе се долови богатството на секое овошје низ вкусот на извонредно бренди. Го изразуваат карактерот на секое овошје на најискрен и најпрефинет начин и се резултат на нашата посветеност на квалитетот и традицијата. Новите вкусови освен што ќе воведат свежина и пресврт на конвенционалниот пазар, дополнително отвораат и нови хоризонти за консумација на бренди пијалаците, нови примени во гастрономијата при спарување со храна, како и нови алтернативи во делот на миксологијата. Додека пак вековната традиција на дестилација применета во нивното создавање им дава автентичност што значајно ќе се отслика и во силна конкурентност на странските пазари“, изјавија од Дестилерија Камник.

