3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХiaomi Mi 3 распродаден за 86 секунди!

Хiaomi Mi 3 распродаден за 86 секунди!

xiaomi-2

Минатиот месец кинескиот производител на мобилни телефони „Xiaomi“ го откри својот нов паметен телефон „Mi-3“. Кога вчера околу пладне беше пуштен во продажба преку официјалната страна на компанијата, првите 100.000 примероци беа продадени за 86 секунди!

Цената на новиот модел на „Xiaomi“ со 16 GB меморија чини околу 327 долари, додека уредот со 64 гигабајти меморија се продаваше за околу 410 долари.

„Xiaomi“ е еден од најпопуларните производители на паметни телефони на кинескиот пазар, па ова не е прв пат уредот кој е пуштен на продажба преку интернет да биде продаден за неколку минути. Истото се случи и со најевтиниот телефон на „Xiaomi“, наречен „Hongami“, но требало да поминат 90 секунди за да се потрошат неговите резерви.

„Xiaomi“ за оваа година имаше во план да продаде 15 милиони паметни телефони, но по ваквиот интерес бројката е зголемена на 20 милиони.

Треба да се напомене дека поголемиот број од телефоните беа купени од препродавачи кои сакаат добро да заработат од овој многу баран модел, но тоа не влијае на сликата колку „Xiaomi“ всушност е популарен на кинескиот пазар.

Кина е многу голем и растечки пазар на кој се обидуваат да се пробијат и големите играчи како „Samsung“ и „Apple“, но конкуренцијата со домашните компании како „Xiaomi“ е голема и не им се олеснува нивната работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП