3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАБлагодарение на семејството на донорот направена уште една трансплантација на срце и...

Благодарение на семејството на донорот направена уште една трансплантација на срце и бубрези

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава.

„Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата!“, вели министерот Меџити.

Министерот додаде дека е горд на медицинскиот кадар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП