СВЕТ

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА! Со јачина од пет степени според Рихтер се стресе југоисточниот дел на земјата

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека силен земјотрес ја погодил Турција.

ЕМСЦ профилот на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека земјотресот се случил на 20 километри западно од градот Бозова во југоисточна Турција.

Се наведува и дека епицентарот бил на десет километри јужно од градот Елбистан.