21 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОбјавена листата на најмоќни пасоши: ОАЕ повторно на првото место, еве каде...

Објавена листата на најмоќни пасоши: ОАЕ повторно на првото место, еве каде е Македонија

Објавена е листата на најмоќните пасоши во светот, а на прво место е пасошот на Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ).

Веб-страницата Passport Index ги рангира пасошите на 96 земји ширум светот.

Имателите на пасоши од ОАЕ можат да патуваат во 180 земји во светот без виза.

Второто место, со можност за патување во 178 земји без виза, го делат пет земји – Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

Третото место без виза може да патува во една земја помалку – 177, а го делат пет земји (Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија).

Шест земји се на четвртото место – Данска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја, а оние кои ги поседуваат овие пасоши можат без виза да патуваат во 176 земји.

Петтото место го делат осум земји. Оние кои имаат пасош во Сингапур, Грција, Норвешка, Чешка, Обединетото Кралство, Унгарија, Јапонија или Нов Зеланд – можат да патуваат во 175 земји во светот без виза.

На шесто место се три пасоши – словачки, американски и австралиски. Со нив може да патувате во 174 земји без виза.

Словенија го дели силното седмото место со уште четири земји – Малта, Естонија, Литванија и Канада, а нивните граѓани без виза можат да патуваат во 173 земји.

Во топ 10 е уште една соседна земја – Хрватска, која го дели тоа место со Латвија, Исланд и Лихтенштајн. Со овие пасоши можете да посетите 172 земји без виза.

Оние кои имаат бугарски, романски или кипарски пасош можат да влезат една земја помалку без виза.

Српскиот пасош е на 32 место, а со него без виза може да се патува во 137 земји.

Македонскиот пасош се наоѓа на 36. место на листата и може да посетиме 130 земји без виза.

Црногорскиот пасош е на 37 место кое го дели со турскиот пасош, а со нив без виза може да се патува во 129 земји.

Пасошот на БиХ е на 44 место, а оние кои го поседуваат можат без виза да посетат 121 земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП