Украинскиот претседател Володимир Зеленски почна да разбира дека политичкиот начин за решавање на конфликтот во Украина е единствениот, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.
-Верувам дека единствената шанса (да се најде политичко решение за ситуацијата во Украина во 2024 година) е да соработуваме поблиску со нив (властите во Киев) за да разберат дека тоа е единствената шанса. Ако не го искористат, тоа ќе биде целосна катастрофа – изјави Лукашенко пред новинарите.

