2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВештачката интелигенција добила податоци за сите жители на една земја, а сега...

Вештачката интелигенција добила податоци за сите жители на една земја, а сега предвидува кој колку ќе живее

Истражувачите развија алатка за вештачка интелигенција (AI) која користи податоци за животот на една личност – здравствени досиеја, образование, работа и заработка – за да предвиди сè, од особините на таа личност до колку долго ќе живее. Изградена користејќи го моделот зад големите јазични модели како ChatGPT, новата алатка се нарекува life2vec и веќе на прв поглед наликува на некој уред од научно-фантастични романи.

Алатката за вештачка интелигенција беше обучена на податоците на дури 6 милиони луѓе – сите жители на Данска, пишува Phys.org.

Се вели дека алатката може да предвиди колку долго ќе живее човекот со висока точност благодарение на сложените збирки на податоци. И покрај тоа, тимот кој стои зад истражувањето вели дека најдобро е кога не се користи да се предвидува животниот век, туку само да се обезбеди основа за идната работа.

-Иако користиме прогнози за да процениме колку се добри овие модели, алатката не треба да се користи за предвидување на животниот век на вистинските луѓе. Тоа е модел на предвидување базиран на специфичен сет на податоци за одредена популација – изјави Тина Елиаси-Рад, професорка по компјутерски науки на Универзитетот Нортистон.

Таа ја донесе својата експертиза во етиката на вештачката интелигенција во проектот.

-Овие алатки овозможуваат општеството да се гледа на поинаков начин – закони, правила и обврски. Тоа е како скенирање на она што се случува во земјава – рече таа.

-Овој модел нуди многу поширок поглед на светот во кој живеат човечките суштества од другите модели – изјави Сун Лиман, автор на студијата објавена во Nature Computational Science.

Во основата на алатката life2vec е огромен сет на податоци што се користеше за обука на моделот. Станува збор за податоците од Статистиката на Данска, централниот завод за статистика, а пристапот им е дозволен на истражувачите. Има детални информации за секој граѓанин на оваа нордиска земја.

-Оваа алатка е како опсерваторија на општеството, но не сите општества, туку само она во Данска, во данската култура, со локални закони и општествени правила. Друга приказна е дали ова би можело да се искористи во Америка – изјави Елиаси-Рад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП