2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН добива конкуренција? Тоа значи дека ќе плаќаме поевтина струја!

ЕВН добива конкуренција? Тоа значи дека ќе плаќаме поевтина струја!

Во јануари следната година ќе се одржи јавна расправа за новиот Закон за енергетика, кој предвидува отворање на пазарот за електрична енергија и воведување конкуренција меѓу различни понудувачи.

Ова би требало да донесе пониски цени за струја за граѓаните и за компаниите, како и подобар квалитет на услугата.

Според владиниот предлог, секој потрошувач ќе може да избере од кој понудувач ќе купува струја, а не само од ЕВН, која досега има монопол на пазарот.

Ова би требало да стимулира конкуренција и иновации во енергетскиот сектор, како и да ги намали зависноста и ризиците од еден единствен снабдувач.

Експерт за енергетика, кој побара да остане анонимен, тврди дека граѓаните ќе плаќаат поевтина електрична енергија доколку се појави уште една компанија понудувач, која ќе биде конкуренција на ЕВН.

Тој објаснува дека ЕВН има високи трошоци за производство и дистрибуција на струја, кои се пренесуваат на потрошувачите.

„Со влезот на нов понудувач, кој би користел повеќе возобновливи извори на енергија, како сончева и ветерна, цената на струјата би паднала, а истовремено би се подобрила енергетската ефикасност и безбедност“, коментира нашиот соговорник.

Министерот за економија Крешник Бектеши веќе најави дека на новиот повик за универзален снабдувач за снабдување со електрична ќе се бараат помали профитни маржи од компаниите што ќе конкурираат.

И според Бектеши, ваквото барање ќе придонесе да се намали цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи.

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги го спроведува јавниот повик на Универзален снабдувач на електрична енергија, а условот е понудувачите да имаат обезбедено работен капитал во вредност од 40 милиони евра.

Директорот на РКЕ, Марко Бислимовски, неодамна изјави дека на овој повик заинтересираните треба да достават писмена понуда, по што ќе се оди на електронска аукција, а добрата работа, според него, е што максималната профитна маржа што може да се понуди е сегашната – 11,5 проценти.
„Ако достави некој над таа маржа, нема да му се разгледува понудата“, изјави Бислимовски.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП