2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на „Uniqlo“ забележа рекорден годишен профит втора година по ред

Сопственикот на „Uniqlo“ забележа рекорден годишен профит втора година по ред

Јапонската компанија „Fast Retailing“, сопственик на модниот бренд „Uniqlo“, објави пораст на годишната оперативна добивка од 29 отсто, со што забележа втор рекорд по ред, поттикнат од кинеското закрепнување по пандемијата и послабиот јен.

Добивката достигна 381,1 милијарди јени (2,56 милијарди долари) во 12-те месеци до крајот на август, во однос на 297,3 милијарди јени една година порано, што беше и претходниот рекорд.

Резултатот беше малку над консензусната проценка од 374,6 милијарди јени, покажаа просечните 12 аналитичари анкетирани од „LSG“, и над претходните насоки на компанијата од 370 милијарди јени.

Оперативната добивка се очекува да се зголеми на нов рекорд од 450 милијарди јени следната фискална година, соопшти компанијата.

Резултатот следи по рекордниот квартален извештај во јули, кога компанијата ја зголеми својата прогноза за целата година бидејќи бизнисот во Кина продолжува да закрепнува од забавувањето на пандемијата.

„Fast Retailing“, познат по своите јакни од руно и евтини производи, има 930 продавници на „Uniqlo“ во Кина – повеќе отколку во Јапонија, што го прави водечки трговец на мало со операции во втората по големина економија.

Кога нејзините операции во Кина страдаа од строгите ограничувања околу Ковид-19, „Fast Retailing“ го зголеми својот фокус на пазарите во Северна Америка и Европа.

Компанијата има агресивна стратегија за раст за Северна Америка, каде што регионалниот менаџер Даисуке Цукагоши беше промовиран во претседател на брендот „Uniqlo“ во минатиот месец.

„Fast Retailing“, основана од најбогатиот јапонски човек Тадаши Јанаи, исто така има корист од депрецијацијата на јенот, кој е намален за околу 12 отсто во однос на доларот оваа година, зголемувајќи ја вредноста на неговата продажба во странство.

Јанаи, кој поседува околу 19 отсто од акциите на компанијата, и неговото семејство имаат нето вредност од околу 34 милијарди долари, според „Forbes“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП