1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТВучиќ: Никаква револуција не е во тек, бунтовниците ќе бидат изведени пред...

Вучиќ: Никаква револуција не е во тек, бунтовниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва, реагирајќи на протестите пред Собранието на Белград и РИК, изјави дека „во Белград не е во тек никаква револуција“.

„Ништо од тоа нема да им успее и мораме да се обидеме да не повредиме ниту еден од случајните демонстранти со мирна реакција“, рече тој.

Вучиќ рече дека на протестот се собрале 2.490 луѓе.

„Во овој момент заедно со оние кои се обидуваат да упаднат во Градското собрание има 1.195 лица. Истовремено, сакам да кажам дека некои го покажаа своето лице, дека насилството е единствениот начин да се борат против политичките противници“, рече Вучиќ во своето обраќање до јавноста.

„Со денови кажуваме дека се подготвуваат за ова, а го предупредивме и странскиот фактор, многумина се правеа наивни, не сакаа да слушнат и да видат што се подготвува. Нашите разузнавачки служби навреме реагираа и точно знаеја што подготвуваат насилниците. Нема да дозволиме да ни ја срушат државата, илјадници повици дојдоа од луѓе кои сакаа да дојдат во Белград да ги бранат нашите институции. Бараме да не го прават тоа. Земјата е доволно силна, институциите можат да ги бранат Србија и Белград“, нагласи Вучиќ.

Како што рече, „немирите и насилниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.

„Ќе бидат уапсени, а потоа надлежните државни органи ќе реагираат согласно Уставот и законот. И секогаш така ќе се однесуваме во иднина“, изјави Вучиќ.

Протестот на опозицијата собрана околу коалицијата „Србија против насилство“ вечерва започна пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, а по обраќањето на претставниците на коалицијата, граѓаните се префрлија кон Белградското градско собрание. Таму имало инциденти, граѓани се обиделе да влезат во Стариот дворец, го скршиле стаклото на вратата, а полицијата ги испрскала со солзавец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП