2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка а.д. Битола е добитник на награда за Акција со најголем...

Стопанска банка а.д. Битола е добитник на награда за Акција со најголем пораст на промет во 2023 година

Македонска берза на 21.12.2023 година одржа церемонија за доделување на Годишни награди за котираните компании кои се членки на Берзата, како и за други субејкти кои се поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Стопанска банка а.д Битола е добитник на престижната награда во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација, во категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2023 година“. Наградата ја подигна Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д Битола, Александра Радевска.

Трета година по ред Македонска берза доделува награди во повеќе категории. Како основа за наградените добитници се сметаат квантитативните податоци како што се берзанскиот промет, цените, истргуваните количини на хартија од вредност и бројот на трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП