Здружението Македонски семејни винарии ја именува Јадранка Клариќ Кимовска за првиот вински амбасадор и почесен член на Здружението Македонски семејни винарии. Клариќ Кимовска како вински амбасадор, ќе продолжи да ги подржува и промовира македонските семејни винарии истакнувајќи ја нивната автентичноста со цел зголемување на нивната продажба и поширок пласман.
„Македонските семејни винарии се дел од винската индустрија на нашата земја со огромен потенцијал и квалитет што не само да се израмнува со вината од далеку попознати вински региони, туку и многу често отскокнува. Влегувањето во конкурентна средина/пазар дома и надвор е нов предизвик на кој ќе работиме и ќе се подржуваме заедно“, вели Јадранка Клариќ Кимовска.


