На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по избор на медиумите.

Признанието што го освојува АЛКАЛОИД по 11-ти пат во изминатите години ги потврдува највисоките стандарди на корпоративно управување во компанијата. Тоа е уште еден доказ за исклучителната посветеност на транспарентноста во работењето и за високиот квалитет на комуникацијата која ја одржува компанијата со сите засегнати страни (инвеститори, институции, медиуми и јавноста во целина).




