2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските банки годинава на своите акционери ќе им исплатат околу 70 милијарди...

Европските банки годинава на своите акционери ќе им исплатат околу 70 милијарди евра

Европските банки ќе им платат на акционерите околу 70 милијарди евра за 2023 година, изјави шефот на банкарската супервизија во Европската централна банка (ЕЦБ), Андреа Ернија.

Тој додаде дека банките во ЕУ годинава оствариле профит и дека планираат да го распределат приходот на нивото од претходните години, но посочи дека сумата од 70 милијарди евра е „многу прелиминарна“, пишува Блумберг.

Ернија смета дека банките треба да продолжат да бидат внимателни и забележува дека Европската централна банка се уште е загрижена за кредитните ризици, особено во секторот на недвижности.

На состанокот одржан на 14 декември, Европската централна банка одлучи вторпат по ред да ги задржи сите три клучни каматни стапки на исто ниво, пренесуваат медиумите.

Основната каматна стапка на кредитите е 4,5 отсто, каматната стапка на маргиналните кредити е 4,75 отсто, а стапката на депозитите е 4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП