6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМајсторите во Македонија живеат како цареви, ама нема кој да ги замени

Мајсторите во Македонија живеат како цареви, ама нема кој да ги замени

Македонските мајстори се соочуваат со два големи предизвици: недостаток на квалификувана работна сила и ниското почитување на занаетите.

Но, иако многу млади луѓе не се заинтересирани за овие работи, мајсторите во Македонија можат да заработуваат многу добро, па дури и повеќе од мајсторите во некои земји во Европа.

Факт е дека има голема потреба за мајстори во Македонија, но и дека нема доволно обучени и квалификувани работници.

Еден од проблемите е што младите не се гледаат во оваа работа.

Предраг Смилковски, претприемач од Скопје, вели дека работел во странство цели 10 години, но дека овде му е многу подобро и може, како што вели, да заработува и повеќе од таму.

„Младите не се занимаваат за овие работи што ние ги работиме. Дали им е тешко или имаат алтернатива, јас тоа навистина не го знам, но од оваа работа што ние ја работиме во Македонија може моментално убаво да се живее“, изјави Смилковски.

Слично мисли и Живко Бендевски од фирмата за куќни поправки, кој вели дека од оваа работа може да се заработи и повеќе од некои европски земји, како на пример Србија, каде што според еден мајстор може да се заработи и до 2.000 евра месечно.

„Еве јас ќе дадам пример. На времето завршив електротехничка школа и тогаш бевме 36 ученици во едно одделение. А сега, во истата таа елекетротехничка школа не можете да забележите одделение со повеќе од 10 ученици – вели Бендевски.

Едно од решенијата за оваа ситуација е реформирањето на образовните профили и воведувањето на дуалното образование, кое би ги заинтересирало младите да се обучуваат за различни занаети.
Исто така, потребно е да се врати почитувањето на струката и занаетот, ако сакаме да имаме квалитетни мајстори.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП