Во центарот на Скопје, во Дајмонд Мол, Сетек го отвори најпрестижниот Премиум Салон за техника на Балканот. На простор од 1500 м2, може да се видат сите светски премиум брендови од бела техника, телевизори, мобилни, гејминг, ИТ – уреди и мали апарати. Салонот располага со најсовремена опрема, експертски тим од врвни професионалци за презентација на целокупната понуда, вклучувајќи го и делот за гејминг доживувања.
Пленува стилското уредување на просторот, каде секоја позиција на брендовите има и свој белег на креативност. Во централниот дел – налик на светските салони за техника, а за прв пат кај нас, е поставена кафетерија и детско катче, во кое поситителите можат да уживаат во опкружувањето на своите омилени брендови. Стартот го одбележа огромниот интерес на купувачите, кои воедно овие денови покрај забавната програма, со многу музика и артисти, може и да ги искористат и големите попусти и поволности на се од техника.




