2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПрепораки за тоа како да се однесувате кога воздухот е многу загаден

Препораки за тоа како да се однесувате кога воздухот е многу загаден

Кога воздухот е многу загаден, како што е случајот деновиве во повеќето градови во Македонија, треба да се следат препораките на експертите.

Доколку сакате брзо одење или трчање во природа, сепак треба да го прескокнете денес.

„Скратете ја должината и намалете го интензитетот на напорните активности. Правете почести паузи во сите активности во надворешната средина“, велат експертите.

Во деновите кога загаденоста на воздухот е висока, на чувствителните категории на население им се препорачува да вежбаат во затворени простории. Не треба да го отворате прозорецот кога квалитетот на воздухот се оценува како „загаден“ или „високо загаден“.

Концентрацијата на загадувачи е најголема во грејната сезона, во вечерните, ноќните и утринските часови.

Потоа, пожелно е да се проветруваат просториите неколку пати во текот на денот, а за тоа да се изберат периоди кога очекуваната концентрација на загадувачки материи е најниска, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

Загадувањето на воздухот, како што објаснуваат експертите, може да предизвика здравствени проблеми кај целото население, особено кај чувствителните групи (стари лица, деца, лица со срцеви и белодробни заболувања), а се препорачува овие лица да избегнуваат напорни активности надвор (активности кои се придружени со брзо и длабоко дишење) како и пренасочување на активностите во затворен простор додека не се подобри квалитетот на воздухот.

Од друга страна, за општата популација се препорачува намалување на интензитетот на напорните активности во надворешната средина и почести паузи додека воздухот е загаден.

Ако мислевте дека хируршките маски можат да ви помогнат, тоа не е точно. Тие помагаат да се намали иритацијата на дишните патишта, но преку таквите маски продираат и ПМ 10 честичките.

Ние самите придонесуваме за загадувањето, поради начинот на кој ги загреваме домовите или затоа што возиме автомобили. Можеме да придонесеме за намалување на загадувањето со користење на јавниот превоз.

Како да се храниме во загадени подрачја

Одредени студии укажуваат на заштитните ефекти на одредени видови храна. Се препорачува да се јаде храна богата со Б-витамини, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини во загадените области, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП