27 април, 2024
ПочетнаСВЕТПутин: Русија е подготвена да преговара за Украина, но ќе ги брани...

Путин: Русија е подготвена да преговара за Украина, но ќе ги брани своите интереси

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да разговара со Украина, Соединетите Американски Држави и Европа за иднината на Украина доколку тие сакаат, но дека Русија ќе ги брани своите национални интереси.

Дали оние кои се агресивни кон Русија во Украина, Европа и САД сакаат да преговараат? Тоа ќе го направиме врз основа на нашите национални интереси, рече Путин на средбата со воениот врв.

Нема да се откажеме од тоа што е наше, порача Путин со порака дека Русија нема намера да се бори со Европа.

Путин рече дека руските сили имаат иницијатива на украинскиот фронт, пренесува Ројтерс.

Нема да се откажеме од целите на специјалната воена операција, рече Путин.

Според него, руската одбранбена индустрија реагира побрзо од западната и Москва ќе продолжи да ги подобрува нуклеарните сили и да ја одржува борбената готовност на високо ниво.

Путин рече дека членството на Украина во НАТО „не е прифатливо за Русија ниту за 10 ниту за 20 години“.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека од февруари 2022 година, руското производство на тенкови се зголемило за 5,6 пати, беспилотни летала 16,8 пати, а артилериска муниција 17,5 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП