2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБрисел покрена постапка против мрежата Х

Брисел покрена постапка против мрежата Х

Европската комисија покрена официјална постапка против социјалната мрежа Х, поранешна Твитер, поради сомневање дека не ги исполнила своите обврски од Законот за дигитални услуги (DSA), со што ги прекршила правата на Европската унија.

Новата регулатива, која стапи на сила минатата година, наложува многу големите интернет платформи и пребарувачи да ја засилат својата борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност и да ги заштитат своите услуги од манипулативни техники.

Постапката ќе се фокусира на спречување на ширењето на нелегални содржини во ЕУ, на ефективноста на мерките преземени за борба против манипулацијата со информации, особено системот на „известувања за заедницата“ и мерките преземени од мрежата Х за зголемување на транспарентноста на нејзината платформа , наведува Комисијата, нагласувајќи дека приоритетно ќе спроведе темелна истрага.

Мрежата X, во сопственост на Илон Маск, е дел од групата големи технолошки компании под лупа на ЕУ поради новите правила воведени со Законот за дигитални услуги.

Законот за дигитални услуги е дигитална регулатива во светот што ги држи дигиталните бизниси во ЕУ одговорни за содржината објавена на нивните платформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП