1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Nio“ ќе понуди две марки на евтини е-возила во Европа

„Nio“ ќе понуди две марки на евтини е-возила во Европа

Кинеската автомобилска компанија „Nio“ ќе ги лансира првите електрични понуди од својот подостапен бренд „Firefly“ во Европа една година порано од првично најавеното во 2025-та година. Друга неименувана марка „Nio“ која ќе нуди уште поевтини електрични автомобили ќе дебитира на европскиот пазар по 2025-та година, велат од компанијата претседателот Лихун Чин.

Тој не соопшти детали за цените на возилата кои се планирани за продажба во регионот.

Според него, првиот автомобил „Firefly“ ќе дебитира во Европа во третиот квартал на 2025-та година.

Во 2021-ва година, „Nio“ за прв пат објави дека ќе се прошири на масовниот пазар со попристапни возила, обложувајќи се на подмарката „Alps“. На почетокот на оваа година компанијата соопшти дека ќе додаде уште еден бренд – „Firefly“, кој е во фаза на развој и кој главно е фокусиран на европските потрошувачи.

Приливот на кинески електрични модели во Европа се интензивира бидејќи побарувачката во Кина се заладува, додека домашните брендови се борат со вишокот производствен капацитет што им тежи. Тие имаат ценовна предност во однос на нивните европски конкуренти, кои побавно го електрифицираат својот асортиман на производи и ја немаат истата контрола врз синџирот на снабдување.

„Nio“, чии модели моментално се натпреваруваат во Кина со електрични автомобили што ги нудат производителите на премиум сегментот, како што се „BMW“ и „Mercedes-Benz“, страда од недостиг на профитабилност поради тековната ценовна војна што „Tesla“ ја започна кон крајот на минатата година.

Компанијата намали 10% од својата работна сила бидејќи размислува да одвои единици како што е бизнисот со батерии. Се обидува да создаде партнерства за да помогне во финансирањето на вложувања како што е замена на батерии, технологија која допрва треба да се прошири.

Партнерствата со „Geely“ и државната „Changan Automobile“, вклучуваат иницијативи како што се изградба на нов тип на батерија и архитектура, информира Чин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП