6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАна Брнабиќ: Од обработени 50 отсто избирачки места имаме 47,1 отсто поддршка

Ана Брнабиќ: Од обработени 50 отсто избирачки места имаме 47,1 отсто поддршка

Според 50 отсто обработени избирачки места, односно на примерок од 50 отсто, „Србија не смее да запре“ моментално има 47,1 отсто, објави функционерката на СНС, Ана Брнабиќ.

Списокот „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ сигурно ќе има повеќе од 125 мандати во српскиот парламент“, рече Брнабиќ.

Списокот „Србија против насилсвото“ освои 23 отсто, СПС 6,7 отсто, НАДА 4,9 отсто, Несторовиќ 4,6 отсто и Двери 2,9 и 3 отсто, рече таа.

Таа додаде дека за Белград само што почнуваат да пристигнуваат првите резултати и дека опозицијата има план да прогласи победа иако гласовите не се преброени.

Брнабиќ рече дека има многу „невистини, инсинуации, непроверени информации и лажни вести со цел да се создаде атмосфера за предизвикување хаос, паника и недоверба“.

„Се боревме против тоа, се обидовме да им објасниме на луѓето, почитувајќи го изборниот молк, за какви лаги зборуваме“, рече таа.

Таа покажа слики од екранот на различни вести поврзани со изборите за кои тврдеше дека се невистинити.

Озлогласени лаги, лесно проверливи“, изјави Брнабиќ.

Таа рече дека наводите за организирано гласање од Република Српска во белградската арена се „глупости од неверојатни размери“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП