12 декември, 2024
ПочетнаСВЕТПутин и се закани на Финска поради влезот во НАТО

Путин и се закани на Финска поради влезот во НАТО

Во денешното телевизиско интервју, рускиот претседател Владимир Путин и се закани на новата членка на НАТО Финска со неодредени „проблеми“: „Порано немаше проблеми, но сега ќе има“, рече Путин во телевизиско интервју.

Русија ќе го зајакне Ленинградскиот воен округ околу Санкт Петербург и таму ќе стационира одредени воени единици. Коментирајќи за влезот на Финска во НАТО, Путин рече: „Што им требаше?

Финска одлучи да аплицира за членство во НАТО откако Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Шведска исто така поднесе барање за приклучување, но сè уште не доби единствена поддршка од сите земји на НАТО бидејќи Турција сè уште не дала зелено светло.

САД неодамна склучија договор со Шведска за користење на шведските воени капацитети. Сличен договор треба да биде потпишан и со Финска во понеделник. Американско-финскиот договор ќе му овозможи на Вашингтон воен пристап до 15 фински бази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП