2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Campari“ го купува коњакот „Courvoisier“ за 1,2 милијарди долари

„Campari“ го купува коњакот „Courvoisier“ за 1,2 милијарди долари

„Campari Group“ се согласи да го купи „Courvoisier Cognac“ од „Beam Suntory“ за најмалку 1,2 милијарди долари во најновата аквизиција во историјата на италијанскиот производител на алкохолни пијалоци, пишува „Bloomberg“.

Договорот додава еден од најголемите брендови на коњак во портфолиото на „Campari“, кое ги вклучува истоимениот пијалок и брендот „Aperol“. Акциите на „Campari“ паднаа за 5,9% во Милано во петокот, а подоцна се тргуваа со пад од 2,1%.

Купувањето доаѓа во услови на тешки времиња за производителите на коњак. Производителите на францускиот пијалок се соочуваат со намалена побарувачка, особено од американските потрошувачи, по бум за време на пандемијата. „Courvoisier“ на пазарот се натпреварува со „Hennessy“ на „LVMH“ и „Remy Martin“ на „Remy Cointreau“.

„Договорот е прилика која се случува еднаш во животот да се купи една од четирите големи куќи за коњак. Сега е вистинското време во циклусот на коњакот да се случи такво купување“, рече извршниот директор Боб Кунзе-Концевиц во интервју за „Bloomberg“ во петокот.

Следната година побарувачката за коњак ќе се нормализира, рече Кунзе-Концевиц, додавајќи дека компанијата има искуство во купување брендови и нивно реформирање.

„Мислиме дека добивме прилично фер цена за тоа“, додава извршниот директор.

„Courvoisier“ има нето-продажби од 249 милиони долари во 2022-ра година, се вели во соопштението, со околу 60 отсто од тоа во САД. „Campari“ ќе го прошири присуството на компанијата во САД, каде што „Courvoisier“ е силен бренд, и во Азија.

„Campari“ го купи американскиот производител на бурбон „Wilderness Trail Distillery“ во 2022-ра година. Европските производители на пијалоци бараат зделки за проширување надвор од нивните традиционални понуди, додавајќи алкохолни пијалоци како текила и американски виски.

Во октомври, компанијата ја потврди својата годишна цел за нула раст на органската приспособена заработка пред камати и даноци. Резултатите за третиот квартал не се во однос на прогнозите на аналитичарите, главно поради високата инфлација и лошото летно време.

Договорот ја означува кулминацијата на 16-годишното „возење“ во „Campari“ на Кунзе-Концевиц, кој треба да се пензионира во април.

Под негово водство, продажбата на „Campari“ скокна од 1,8 милијарди евра во 2019-та година на прогноза од околу 3 милијарди евра во 2023-та година. Тој надгледуваше вкупно 27 аквизиции од 2007-ма година во вредност од вкупно 3 милијарди евра пред тековниот договор.

Договорот за „Courvoisier“ му овозможува на „Campari“ да „изгради влијание во една од најрелевантните категории на жестоки пијалаци во САД“ и „да го трансформира својот профил на раст во Азија“, се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП