4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВистинска предновогодишна атмосфера во Diamond Mall, со програма наменета за сите возрасти

Вистинска предновогодишна атмосфера во Diamond Mall, со програма наменета за сите возрасти

Во пресрет на новата година, Diamond Mall подготви богата програма која со својата содржина ќе ги освои посетителите од сите возрасти. Оваа новогодишна програма ќе се реализира за време на деновите од следните три викенди и ќе содржи најразличен вид настани, бројни музички концерти и забавни активности, кои треба да придонесат за креирање на вистинска предновогодишна атмосфера во главниот град.

Програмата започнува оваа сабота, на 16 декември, со неколку активности за најмладите кои ќе се случуваат во „Зоната на соништата“ (Dream zone). Таму децата ќе имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да добијат подароци, да бидат дел од едукативна тура и да учествуваат во караоке забава со пињата. Вечерните часови се резервирани за концертот на музичката ѕвезда Лозано, кој од 21 до 22 часот ќе ги испее своите најголеми хитови.

Веќе следниот ден, во недела 17 декември, најмладите ќе имаат можност да се радуваат на изведбата на нивните омилени песни од фестивалот „Поточиња“, по што ќе следува двочасовно шоу со маскоти, додека во „Зоната на соништата“ повторно ќе се организира Среќно тркало со подароци и караоке забава со пињата. Во попладневните часови, со почеток во 18.00 часот, квартетот „Авис“ ќе одржи празничен концерт.

Новогодишната програма продолжува и следниот викенд. Во саботата, на 23 декември посетителите во „Зоната на соништата“ ќе ги забавува магионичар, а ѕвездите на „Teen Camp“ ќе се дружат и ќе пеат со своите обожаватели. Во неделата, на 24 декември напладне предвиден е концерт на „Златно славејче“, а од 13 часот и концерт со најдоброто од групата „ДНК“, по што следува и магионичарско шоу во популарната „Зона на соништата“.

Новогодишната програма ќе заврши на 30 декември, со новогодишна музичка претстава на „Дајте музика“ што ќе почне на пладне, како и вечерен концерт на популарното дуо Пајак и Лара, кое ја одбележа годината што изминува.

Деталниот распоред на активностите во рамки на новогодишната програма на Diamond Mall може да се види тука.

Настаните што се дел од оваа програма совршено сенадополнуваат на целокупната понуда и амбиент на Diamond Mall и истовремено придонесуваат за создавање на вистинска магија, карактеристична за овој период на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП