21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните си лаат на ФБ, функционерите си ја трошат 9-та плата зголемана...

Граѓаните си лаат на ФБ, функционерите си ја трошат 9-та плата зголемана за 78%!

Заложбите на Владата за намалување на функционерските плати всушност било приказни за мали деца. По притисокот на медиумите и реакциите на социјалните мрежи, со месеци властите ја убедуваат јавноста дека платите на избраните и именувани функционњери ќе се вратат на она ниво кое беа пред одлуката на Уставниот суд да ги зголеми за цели 78 отсто. Владата неколку пати потенцираше дека во завршана фаза биле измени на законски решенија кои ќе ја средат оваа проблематика, и такво нешто во иднина нема да се случи. Но никако да дојде тој ден.

Последните информации пристигнаа од собранискиот спикер Талат Џафери кој ќе ја предводи и техничката влада пред избори. Џафери во интервју за ТВ 24 истакна дека платите на функционерите нема да се намалуваат. Одлуката на Уставен суд ќе остане на сила. Оваа изјава ги отфрла сите шпекулации и најави дека и власта и опозицијата имаат искрени намери и многу се грижат за народот.

„Има одлука на Уставен суд и таа одлука не се менува, конечна е“, изјави Талат Џафери.

Во исто време одговорниот во владата за економските политики, вицепремиерот Фатмир Битиќи излезе со нов датум, вели ако не до крајот на неделава, следната сигурно ќе се достави предлог до собранието. Но додава дека зголемени плати нема само власта туку над 1000 избрани и именувани лица, кои исто така треба да се прашаат.

„За намалување на платите треба општ консензус на сите затоа што во 1.260 функционери имате судии, имате обвинители, имате градоначалници, имате 120 пратеници, имате 20 министри, имате директори и така натаму кој што сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина, за жал во нашето општество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања а камоли да им земете нешто од џебот“, вели Битиќи.

Ова доаѓа откако функционерите веќе девет месеци трошат месечна плата која е три до четири пати поголема од просечната, висината зависи од функцијата на именуваното или избрано лице. Прво, владата уверуваше дека веднаш ќе реагира, и по брза постпака ќе се вратат платите на исто ниво. Потоа, проблемот стана многу посериозен, па не еден туку се утврдило дека седум закони ќе треба да се менуваат за да се реши овој „проблем“ на функционерите. Последните најави од Илинденска број два се дека лично премиерот составил тим од министри кои работат на предлог измените и тој им дал рок од една недела работата да биде завршена. Од тогаш до денаска поминаа повеќе од два месеци.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП