20 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW Серија 4 Cabrio

BMW Серија 4 Cabrio

bmw 4

Пристигна најновиот член на „BMW – Серија 4“, а со сигурност можеме да кажеме дека новото „кабрио“ според изгледот ја надмина и „Серија 3“, кабриолетот кој беше заменет во понудата на компанијата.

Според информациите кои пристигнуваат од Минхен, новиот „BMW – Серија 4“ кабриолет ќе биде достапен во верзиите „435i“ (306KS), „428i“ (245KS) и „420d“ (184KS), во пар со шестостепен мануелен или осумстепен автоматски менувач.

bmw 41

Во однос на својот претходник, новата „Серија 4“ кабриолет е поширок и подолг од стандардниот, додека „428i“ ќе може да се набави и во верзија со погон на сите четири тркала.

bmw 42

Од „BMW“ тврдат дека новиот тврд покрив е подобрен, па бучавата во кабината е значително намалена, а изолацијата од елементот е подигната на ново ниво. Триделниот покрив се затвора за 20 секунди при брзина од 20km/h.

bmw 43

Цената на „BMW – Серија 4“ кабрио во Германија почнува од 46.300 евра, додека официјалната премиера ќе биде одржана на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

bmw 44

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар