28 април, 2024
ПочетнаСВЕТИсториски договор! Збогум на нафтата, гасот и јагленот?

Историски договор! Збогум на нафтата, гасот и јагленот?

Конференцијата на странките на Организацијата на ОН за климатски промени (UNFCCC), попозната како COP28, денеска усвои договор за постепено укинување на фосилните горива.

„Заедно се соочивме со реалноста и го поставивме светот во вистинската насока“, рече претседателот на COP28, Султан ал-Џабер за време на завршните зборови на настанот, додавајќи дека договорот нуди „сеопфатен одговор“ на климатските промени.

Договорот беше склучен денеска во Дубаи по две недели тешки преговори.

Повеќе од 100 земји побараа строги правила за „постапно исфрлање“ на нафтата, гасот и јагленот да бидат вклучени во договорот COP28, но се соочија со противење од нафтената групација ОПЕК предводена од Саудиска Арабија, која тврди дека светот може драстично да го намали намалување на емисиите без откажување од специфични горива.

Сега кога е постигнат договор, земјите се одговорни за постигнување на договорот преку национални политики и инвестиции.

Предложениот договор конкретно ќе повика на „поместување од фосилните горива во енергетските системи, на праведен, уреден и правичен начин…за да се постигнат нето нула емисии засновани на науката до 2050 година“.

Исто така, повикува на тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија на глобално ниво до 2030 година, забрзувајќи ги напорите за намалување на јагленот и забрзување на технологиите како што се зафаќањето и складирањето на јаглеродот што можат да ги исчистат индустриите кои тешко се декарбонизираат, пишува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП